Вокалната женска група Ѓердан е најтопло прифатена од публиката бидејќи за нив песната е лекот

Четири женски вокали од Штип ја сочинуваат женската вокална група Ѓердан. Околу две години постоење и исто толку негување на македонската староградска, народна музика. Пред публиката во Штип, но и во државата изведуваат песни кои се стари и заборавени со цел да не изумре она македонското, старото народното. Велат каде и да се појават топло се прифатени.

„Штипската публика е воодушевена од нас. Во Штип и во Македонија каде одиме на настапи публиката е воодушевена од песните кои ги пееме. Имаме и песни кои се првпат изведени од нас, и публиката е зачудена дека постоеле и такви песни.“ – вели Наковска.

Од Прилеп, до Битола, на натпревари, музички фестивали и слично, овие четири дами заеднички настапуваат и секојпат одново ја воодушевуваат македонската публика со изведбата на нивните песни.

„Првиот настап ни беше во Прилеп, од таму почнавме, потоа имавме многу настапи од кои и ние сме изненадени. Каде и да се појавиме топло сме пречекани од публиката, мислам дека песната е лек за душата. И за првпат имаме вака четири вокали на едно место.“ – вели Ефтимова.

Тешкотии има на секој почеток велат, па лесен не бил ниту нивниот. Сами бараат каде ќе пеат, каква гардероба ќе носат, сега бараат и музчари. Но децидни се дека пеат со голема љубов, тоа е препознаено од страна на публиката и затоа се толку добро прифатени каде и да се појават.

„Пееме со многу љубов и со многу одрекувања ама и со многу труд затоа што се сами смислуваме. Сами бараме каде ќе пееме, сами бараме гардероба. Ама песната и орото заедно не споија, на почетокот ни беше тешко, но наоѓаме начин заедно да вежбаме, заедно да се организираме да одиме на манифестации“ – додава Миланова.

Во периодот кој следи се подготвуваат за настап во Македонска Каменица, а потоа и во Гевгелија.

„Сега се подготвуваме за настап во Каменица, потоа во Гевгелија, па сме на Фестивал на староградски песни“ –

Велат дека работат посветено и напорно со што се трудат постојано да имаат нови изведби на песни, а со тоа да ја задоволат публиката која со нетрпение од нив очекува нешто ново.

Лаура Стојанова, М-Нет