
Секојдневниот живот, ситуацијата во државата, сиромаштијата, иселувањето се мотивите преточени во сатиричната драма, проект на Трајче Кацаров. Главните улоги ги играат Оле Поцкова која ја толкува улогата на Веселка и Игор Стојановски – Баркли кој го толкува Веселко. Премиерата е закажана за во среда а репризата за во петок во Домот на културата во Штип
„Едно такво семејство е фамилијата Веселинови, нопокрај тоа што не може секоја фаамилија да влезе внатре многу можат да се препознаат и посакале да имат такво огледало. Веселинови е огледало на нашата фамилија, на нашето секојдневие. Веселинови се пар кои се во постојона противречност, стравови. Стравови кои се предизвикани од плитките џебови, стравови кои се предизвикани од далечината на нивните деца и се она само по себе кое го носи секојдневното живеење. На некој начин ги лечи од сите они лоши особености, лоши моменти, кое што може да дојде било кое семејств, фамилија во услови то е денешницата.“ изјави Кацаров
„Ја сум задоволен, тука се моите гости наши гости, кои што се постојано тука и работат вредно и доаѓаат од Скопје и се гледа нивната упорност за да може овој проект да го виде светлото на денот. Јас се надевам дека ќе поминеме сите убаво“ изјави Трајков
Во оваа прилика и главните ликови изјвија дека за прв пат го прифатиле предизвикот на глумат во театрска претстава, во која како што велат подолг период биле во дилема дали ќе можат да одговорат на предизвиците
„Ова за мене е прво искуство и многу драгоцено, јас до сега не сум играла театарска претстава. На инсистирање на овој голем човек Трајче Кацаров јас се зафатив за оваа работа. Прво ми беше тешко бев во недоумица дали ќе ја изнесам таа улога. Дали ќе можам да ги исполнам захтевите кои што не беа многу големи ама едноставно ми е прваа улога и јас не знаев дали можам да ги исполнам тие барања што ми ги кажа Трајче“ посочи Поцкова
„Во ликовите на Веселка и Веселко сите можеме да ги видиме нашиите татковци, вујковци, дедовци, мајки, стрини, сигуурно некој ќе се препознае во ликковите бидејќо е реална ситуација инспирирана од секојдневниот живот.„ посочи Стојановски
В претставата се појавива и малата Нела, која ја има улогата на интерпретатор на песна
„Ја сум Нела Гегова, имам 10 години и ова е втор пат каде што учествувам во театарска претстава,“ посочи Гегова
Се очекува претставата да го задоволи вкусот на публиката, како и тоа да се појават во што поголем број.
Марија Спасова – М Нет