Гордана Силјановска-Давкова со убедлива победа на претседатеслките избори

Професорката Гордана Силјановска-Давкова победи на седмите по ред претседатеслки избори во државата и стана првата жена претседател на Македонија. Согласно последните податоци на ДИК Силјановска-Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), додека нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).

Силјановска-Давкова е првата жена претседател во земјава. Во изјавата дадена на синоќешната прес-конференција во Централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, таа вети дека ќе биде претседател на сите грѓани.

-Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави Силјановска-Давкова.

Последните податоци на ДИК за излезеноста покажуваат дека гласале 47,48 отсто од граѓаните со право на глас.

Според податоците на ДИК, претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски победил само во 10 општини во државата, додека во сите останати победа издвои Силјановска Давкова.

На 12 мај му истекува мандатот на актуелниот претседател, кој беше и кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Според Уставот, претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили. Претседателот ги остварува своите права и должности врз основа и во рамките на Уставот и законите и се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, со мандат од пет години.

Лаура Стојанова М-Нет