Куманово со голема победа над Фортуна сака Втора лига!

Во одложениот меч од 21. коло од Трета лига – Север, лидерот Куманово со 2:0 триумфираше над Фортуна на домашен терен во Фортуна.

Натпреварот беше решен во првиот дел кога Кристијан Ивамовски во 31. минута погоди за 1:0, а по шест минуто Христијан Димов постигна гол за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел мрежите мируваа, а резултатот од првиот дел стана конечен.

Сега Куманово е лидер одново со 58 бодови, а Шкендија Арачиново е втора со 57 бодови.

Александар Ванев, М-Нет