
Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 13. коло од Општинската фудбалска лига во Куманово во групата А и групата Б.
Што се однесува до групата А екипата на Орашац со 0:2 загуби од Победа од Тромеѓа, Ран Производ на домашен терен беше декласиран од Куманова Милано со 1:6, дербито на колото се играше во Старто Нагоричане меѓу Козјак и Јуниор од Доброшане кое заврши без победник со шест гола за конечни 3:3.
Во оваа коло слободна беше екипата на Клечовце.
Во однос на табелата лидер е Јуниор со 25 бодови на своето конто, на делба на второто место со по 22 бодови се Куманова Милано и Козјак, на 4. место е Победа со 19 бодови, Ран Производ е петти со 16 бодови, Клечовце е претпоследен со три бода, а на дното е Орашец исто така со три бода.
Во однос на групата Б дербито на колото го одиграа Речица и Пчиња, меч кој заврши со минимални 1:0, а победничкиот гол го постигна Ивица Јовановски во 87. минута од средбата.
Македонија Агино на домашниот терен во Агино Село со 2:0 го доби дербито со Младост каде двоен стрелец беше Давид Стојковски, а едниот погодок беше еврогол.
Екипата на Карпош на домашен терен со 4:0 беше убедлива против Костурник со што трите бодови останаа дома. Во оваа коло слободна беше екипата на Четирце.
Во однос на табелата лидер е Пчиња со 25 бодови, втора е Речица сп 19 бодови, на третото место е Четирце со 17 бодови, на 4. место е Костурник со 16 бодови, потоа следува Младост како петти со 15 бодови, Карпош како шести со 12 бодови, а на последното место е Македонија Агино со само пет бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет