Пилешков ќе го суди дербито на Вардар и Шкендија, Младеновски главен во Штип

ФОТО: М Нет телевизија

Утре се играат натпреварите од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест натпревари.

Александар Ставрев ќе биде главен во Кратово каде ќе играат Силекс и Брера Струмица, Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен во Ѓорче каде ќе играат Македонија и Тиквеш.

Марјан Младеновски ќе им суди на Брегалница и Гостивар, Димитар Пилешков ќе биде задолжен за правдата на дерби-пресметката меѓу Вардар и Шкендија, Стојанче Трпчевски ќе им суди на Воска Спорт и Шкупи, а пак Александар Грујоски ќе ја дели правдата на Работнички и Струга.

Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 24. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Силекс – Брера Струмица, Александар Ставрев (Скопје)
Македонија ЃП – Тиквеш, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Брегалница – Гостивар, Марјан Младеновски (Скопје)
Вардар – Шкендија, Димитар Пилешков (Штип)
Воска Спорт – Шкупи, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Работнички – Струга, Александар Грујоски (Кичево)

Александар Ванев, М-Нет