Ново детско игралиште за првпат ќе добие и село Радање, активностите на терен започнаа денеска

Денес започна изградбата на новото детско игралиште во село Радање. Воедно тоа претставува и прво детско игралиште со површина од 511 м2, се со цел младите да имаат можност своето слободно време да го минуваат корисно. Стартот на активностите на терен денеска ги означи градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. За изградба на самото игралиште од буџетот на општина Карбинци се издводени околу три милиони денари.

„Општина Карбинци за овој навистина убав и голем проект одвои речиси околу три милиони денари, кои што ќе бидат искористени за овој проект. Очекувам навистина да биде од корист на овдешните жители. Ова е прво детко катче во ова населено место, а село Радање е едно од поголемите места во Карбинци каде што навистна е потребно вакво катче со кое дечињата ќе може да рекреираат. “ – вели Паунов.

Во меѓувреме Паунов истакна дека во наредниот период ќе продолжуваат активностите на терен во повеќе населени места на територија на Општина Карбинци, а ќе се работи во делот на спортот, културата, образованието и слично.

„ Општина Карбинци ќе продолжи понатаму континуирано да работи во повеќе населени места, повеќе области, пред се во делот на инфраструктурата каде што работиме и не сме застанале од самиот старт на годината, но продолжуваме да работиме и во делот на спорт, проекти за млади, проекти во образованието и културата.“ изјави градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов

Инаку, градоначалникот најави плодна година и плодна жешка пролет во општина Карбинци која го опфаќа делот на градежништвото.

Лаура Стојанова М-Нет