
Фудбалерите на Брегалница денес го забележаа десеттиот сезонски пораз во Првата македонска фудбалска лига, откако на „Борис Трајковски“ во Маџари загубија со 2:0 од Вардар и се спуштија во зоната за директно испаѓање односно на 11. место со 20 бодови на своето конто.
Остануваат уште два натпревари од вториот круг, а Брегалница ќе игра против Работнички во Скопје, додека пак на домашен терен ќе игра против Шкупи.
Следни натпревари:
Работнички – Брегалница (3. март)
Брегалница – Шкупи (6. март)
М Нет прашање: ЌЕ ОПСТАНЕ ЛИ БРЕГАЛНИЦА ВО ПРВАТА ЛИГА? Вашето мислење напишете го во коментар.