
Откриен муралот на ѕидот на штипската гимназија по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Со пораки врежани на ѕидовите на сите средни и основни училишта во Штип се поставија аманети кои младите генерации треба да продолжат да ги чуваат и негуваат.
„Ние како образована институција, како учители на нашите ученици треба да им ја пренесеме љубовта и желбата да продолжат да ги чуваат вечните спомени за јазикот и да го надградуваат. За тоа имаме мурал посветен на јазикот од нашиот кодификатор Блаже Конески кој е голем визионер и ни остава големи аманети што треба да ги продолжиме“ – вели Ристова.
Муралите се нацртани по иницијатива на секторот образование при Општина Штип, при што се оставаат поораки на младите секогаш да го чуваат мајчиниот јазик, а со тоа да покажат дека постоеме.
„Во време кога не негираат, кога не асимилираат имаме обврска да оставиме аманет на нашите генерации, да го сочуваат јазикот. Овој начин е една од можностите кои ни стојат на располагање за да го потврдиме македонскиот јазик, но и да го оставиме како аманет на идните генерации, дека постоел и ќе постои“ – вели Јорданов.
Во штипската гимназија денеска освен откривање на муралот, имаше пригодна манифестација збогатена со музика и рецитал.
Мурал со порака од Крсте Петков Мисирков беше испишана и на ѕидот на СОУ Коле Нехтенин. Целта е децата каде и да одат да не заборават кои се и од каде се бидејќи јазикот е душата и верата на еден народ.

„Во нашето денешно време кога ни е светот на дланка секој од нас треба да зборува барем еден светски јазик, но наше право и наш долг е пред се да си го чуваме и негуваме мајчиниот јазик односно македонскиот.“ – вели Шалева.
Во 1999 година на седница на генералната кконференција на УНЕСКО, 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик.
Лаура Стојанова М-Нет