
Младиот и талентиран играч Давид Матески од редовите на второлигашот Охрид прави трансфер во кратовскиот прволигаш Силекс, трансфер кој телевизија М Нет го најавува ексклузивно.
17-годишниот крилен напаѓач има огромен квалитет, кој веќе Силекс го препозна и го носи во своите редови.
Матески минатата сезона како 16-годишен постигна и деби гол во Втората македонска фудбалска лига, откако стрелаше против екипата на Арсими на „Билјанини Извори“ во победата на Охрид од 2:0 во рамки на 19. коло.
Како што вчера ексклузивно објави телевизија М Нет, Дамјан Масевски од Силекс преминува во редовите на Охрид, а овој трансфер ќе го потврди второлигаш во следните денови.
Александар Ванев, М-Нет