Во пресрет на средбите од 16 коло на Втората Македонска фудбалска лига -Исток во Штип владее еуфорична атмосфера подгреана од пласманот во полуфиналето, а во рамките од Куп натпреварите. Паралелно во Првенството се води жестока борба за највисокиот пласман на табелата преку кој води патот кон Првата лига. Брегалница влегува во период кој се нарекува 100 годишен Јубилеј, ако се знае дека клубот е формиран во 1921 година и нема поголема награда од играчите да донесат радост на навивачите, а тоа е постигнување на респектабилен резултат.Со еден збор тоа се двете варијанти од оваа сезона, обезбедување пласман во Прва лига или освојување на купот на Македонија а со тоа и конечен излет во фудбалска Европа. Раководството на клубот предводено од неуморниот спонзор Кирил Гогов значително го освежи клубот, овозможи идеални подготовки во Анталија, Турција, го реновираше теренот на ,,градски,, во Штип, изгради нова соблекувална, значително ја подобри инфраструктурата на стадионот со сите можни приклучни реквизити, машинерии и најважно од се обезбеди комлет ноќни натпревари во пеколно топлите есенски денови, нешто единствено на Македонските стадиони, кое најверојатно ќе се практикува и во пролетниот дел. Затоа Брегалница е хит во оваа сезона и што е најважно мета на многу квалитетни играчи кои радо би го облекле синиот дрес. На патот кон фудбалската височина Брегалница ќе го има респектабилниот некогашен тим на Прилепска Победа која по есенските неубедливи резултати полека но сигурно фаќа залет. За мечот во Прилеп веќе се делегирани и официјалните лица. Главен судија ќе биде Никола Костенчев, на кого ќе му помагаат Филип Ицковски, Милан Петров и како четврти судија Бесар Абдули,сите од Скопје. За Контролор е делегиран Делчо Јакимовски од Скопје а Контролор ќе биде Зоран Јовановиќ од Валандово. Еве ѓи комплетните двојки за ова 16 коло:
- Беласица – Питу Гули
- Кит Го – Тиквеш
- Победа – Брегалница
- Кожуф – Осогово
- Каменица Саса – Плачковица Сите натпревари ќе се одиграат во Сабота 7 Март со почеток во 14.00 часот. Драги Герасимов – Пушка
