
Македонија ЃП е најактивна екипа во овој зимски преоден рок. „Лавовите“ од Ѓорче веќе се засилија со Велкоски, Балотели, Жилберто и Родригез Лопез, а беа соработката беше продолжена со Попзлатанов и Илиевски.
Драган Стојков и Македонија ЃП по истекот на договорот, одлучија да не ја продолжат соработката, со што 35-годишникот е слободен да бара нов клуб.
Стојков кој има еден повик за националниот тим на Македонија, во домашното првенство има настапувано за Беласица, Работнички и Тиквеш, а во странство има настапувано за Инчеон во Панија, Егаео и Илисиакос во Грција, Напредак и Јагодина во Србија, вториот тим на Лос Анџелес Галакси, Инди Елевен и Сент Луис во САД.
Во 2018 година тој одново се врати во македонскиот фудбал облекувајќи го дресот на матичната Беласица.
Александар Ванев, М-Нет