Мизерно или луксузо – каква трпеза за Бадник и Божиќ ќе подготват граѓаните во Штип?

Согласно кој колку има во џебот така се и подготвува, велат граѓаните на терен во Штип одговарајќи на прашањето дали се подготвиле за Бадник и Божиќ. Од се по нешто купиле велат зошто ова е еден од најголемите и најзначајни празници, но за празнична трпеза според нив е потребно многу повеќе. Главен проблем се ниските примања, па затоа дел од граѓаните се подготвуваат дури мизерно за празниците.

„Подготвуваме се мизерно. Од се по малку по нешто со 10 илјади пензија што можеш да купеш.“ – велат граѓаните.

Сукано, лепче со паричка, тиква најчесто се наоѓаат на празничната бадникова трпеза која е посна. Штипјани велат согласно традицијата од нивните предци ги практикуваат адетите, и ги пренесуваат на младите генерации. Некој со побогата, други со малку поскромна

трпеза, но секој со убави мисли го слави еден од најголемите христијански празници, христовото раѓање.

„Па кој што си има си става, кој колку му е можноста, кој е богат богато си подготвува. Тиквичка, рибичка, сукано.“ – додаваат граѓаните.

Според стари обичаи, се верува дека оној на кого ќе му се падне паричката за Бадник ќе биде среќе цела година и полн со пари.

Лаура Стојанова М-Нет