Стипендија ќе добијат и средношколците од дуалните паралелки од здравствените струки

Министерството за образование и наука го распиша конкурсот за стипендирање на ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки од здравствена струка. Учениците кои ги исполнуваат условите за добивање стипендија може да аплицираат во периодот од 28 декември 2023 година до 11 јануари 2024 година.

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет девет месеци во годината за времетраењето на учебната година 2023/2024.

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во државата и се редовни ученици/чки од средно образовани, Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование; Да не повторувале година во текот на образованието;

Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; Да се државјани на Република Северна Македонија.

Веста ја објави и директорката на средното медицинско училиште во Штип, посочувајќи на својот фејсбук профил дека борбата ја добиле заеднички со директорите од медицинските училишта во Гостивар и Тетово.

Тие на прес конференција побараа со конкурсот за стипендирање да бидат опфатени сите ученици од дуалните паралелки и оние од здравствените струки, оти со претходниот договор тие беа изоставени.

Лаура Стојанова М-Нет