
Неколку видови на јаболка, јапонско јаболко, мандарина најбарани производи на пазарот во Штип денеска. Ги имаше речиси на секоја тезга по цени достапни според продавачите за џепот на граѓани. Предпразнично велат драстичнио промени на цените на јаболката нема да има.
„Најмногу се бара јаболката, цените се исти како и претходните петоци од 30 до 50 денари за килограм.“
Меѓу побарани беше и мушмулата. Собрана кон крајот на месец октомври, денеска на пазарот се нудеше подготвена за јадење. Продавачите велат цената е иста како лани ама придобивките од неа се огромни.
„Мушмулата како производ се троши многу, цената не е сакапа 60 денари килограм и сега се бара оти е стасана може веднаш да се јаде и е многу корисна. Откако ќе се обере да стаса потребно е едно 20 дена. Се бере на крајот на месец октомври.“ – додаваат продавачите.
Денешниот пазарен ден од утринава не беше задоволителен за пазарџиите оти како што велат побарувачката е слаба.
За купувачите пак производи има ама проблем се парите. Се плашат дека до Нова година цените на производите можат дополнително да пораснат.
Во наредните денови треба да започне реконструкцијата на градскиот пазар во Штип па денеска како што најавено претходниот петок сите тезги беа на долниот дел од пазарот.
Лаура Стојанова М-Нет