Цени пониски од лани според продавачите и скап пазар во Кочани според купувачите

Свежо овошје и зеленчук, ориз, грав, подготвени домашни зимници, млеко и млечни производи, пазарот во Кочани изобилуваше со се ама побарувачката од утринава слава. Лошите временски услови под знак прашалник ја ставија раздвиженоста, но позагрижувачки е фактот дека и да има народ нема пари. Продавачите велат цените се исти како лани, но и покрај ова сепак скапи се за купувачите.

„Производите се 150 денари грав, 200 денари лукот, ама испобегаа луѓето, нема сметка. Цените се исти, сите велат дека се покачени, а они се идентични како и лани. Јапонското јаболко лани веше 50 и 60 денари за килограм сега дури е со пониска цена. Пари малку има, платите и пензиите треба малку да се покачат.“ – велат продавачите.

За малкумината купувачи кои рано утринава беа на пазарот во Кочани цените на производите беа скапи. Велат согласно пензиите кои ги земаат може да си го купат само најосновното,. Согласни се дека избор има, но ретко за некој пазарот е со прифатливи цени.

Празот, зелката, свежото сезонско овошје најбарани на денешниот пазар во Кочани, а секој тезга изобилуваше и со избор на тиква.

Лаура Стојанова М-Нет