Социјални семејства, болни деца – колку ваквите апели за помош се навистина реални?

Болни деца, родители кои немаат средства да го издржат своето семејство, потреба од помош од хумани граѓани, институции – колку вака преставените стории и приказни се навистина реални. Прашање кое се појави по последниот случај преку кој јавноста беше информирана дека семејство кое е од социјален ризик има многу повеќе од она што е прикажано. Помош доаѓа од сите страни, а реланата слика далеку од преставената. Хуманитарецот Александар Ѓорѓиевски револтиран конкретно од хуманитарната акција во кратовско ја прекина истата бидејќи вистината била далеко од приказната која се прошири во државата, но и во дијаспората.

„Но имаше некои работи кои не ги знам, на пример јас не знаев дека они имаат трактор, јас не знаев дека они имаат девет крави, дека имаат 20 илјади денари примања, дека имаат кокошки, свиња, култиватор од две илјади евра. Од таа фамилија има многу позагрозени“ – вели Ѓорѓиевски.

Семејства кои навистина имаат потреба од помош живеат во мизерни услови, а поседиците се токму заради нереално прикажаните приказни за други семејства. Се користат хуманите граѓани, а благодарноста не постои.

„Во нормална држава на вакви родители за 24 часа им се одземаат децата. Од кога почна хуманитарната акција женското дете не оди на училиште.“ – додава Ѓорѓиевски.

Хумани граѓани во државата има кои постојано се вклучуваат во хуманитарни акции посочува еден од мајсторите кои несебично помагаа во кратовоско. Ама како што вели за да се помага не треба да се злоупотребува хуманоста на граѓаните.

Во оваа прилика Ѓорѓиевски порача приказните да бидат добро проверени пред да видат прикажани пред јавноста, за хуманоста да продолжи да се негува и помош да добијат оние на кои навистина им е потребна.

Лаура Стојанова М-Нет