
Отворена изложбата „Апостолите на современата ликовна уметност“ во штипскиот Безистен. Околу 30 слики од врвни македонски уметници се прикажани за јавноста, а се дел од колекцијата на штипскиот Завод и музеј. Овие слики се собирани со години наназад за денеска и официјално да бидат изложени.
„Оваа изложба ја подготвуваме неколку години за презентација кај пошироката јавност. Изложивме неколку дела од современите уметници кои се основоположници на современата уметност од почетокот на 20 век. Презентирани се преку 30 слики на познатите уметници како Пандилов, Петар Мазев и многу други. Овие се од колекцијата на Завод и музеј Штип која долги години беше собирана и депонирана во депоата. “ – вели Штерјов.
Станува збор за специфична колекција на слики кои долги години се собирала во депоата на штипскиот музеј. Како што вели Деканот на Ликовната акандемија со тенденција е ова да прерасне во традиција која ќе се негува и на тој начин ќе бидат изложен слики од врвни македоноски уметници.
„Прексрасни примероци од збирката на музејот Штип кои се изложуваат поретко и дела кои ја отсликуваат целата таа богата атмосфера на Европа во периодот на 20 век. Класични дела кои се доста интересни како колекција, имаат одредена вредност“ – вели Намичев.
Изложбата ќе биде отворена во наредните 15 дена, а е дел од одбележувањето на 8 Ноември – денот на ослободувањето на Штип. Во оваа прилика Штерјов ги повика граѓаните во наредните две недели да го посетат штипскиот Безистен и одблизу да ги видат сликите на врвните македонски уметници.
Лаура Стојанова М-Нет