Љуба Крстева е првото слепо лице во Штип кое доби сметка за вода од ЈП Исар на Брајево писмо

79 годишната Љуба Крстева е првото слепо лице во Штип кое доби сметка за вода од ЈП Исар на Брајево писмо. Вели дека со ова се олеснува функционирањето на лицата кои имаат проблеми со видот, и сега самостојно ќе може да ќи чистаат сметките за вода.

Одлуката сметките за вода да се пишуваат на Барјево писмо се договори на 16 септември, а денеска почна со реалзиација. Девет слепи лица ги добија своите сметки на Брајево писмо, а во зависност од интересот бројот ќе се регулира. Единствен проблем кој треба да се реши е печатачот, кој е веќе стар.

„Ги изготвивме сметките за потрошена вода. Верувам дека во иднина ова како пробен период до Нова Година, ќе видиме каков ќе биде интересот од страна на слепите лица. Доколку има интерес ќе продолжиме со оваа работа. Така што не ми претставува проблем да го работам и тоа во иднина. Имам еден мал проблем, машината со којашто работам е многу одамна. Но, за тоа ќе најдеме решение. Печатач на Брајево писмо има во Основното училиште „Ванчо Прќе“, кој треба да го видиме и како работи тој печатач“ – вели Витанов.

Директорот на ЈП Исар, Зајков вели во периодот кој следи ќе се направат напори обврската која сега ја има Витанов да му припадне на претпријатието и на тој начин сметките за вода на слепите лица да се издаваат на Брајево писмо.

„Она што ние го договоривме денес го реализираме, сметките на ЈП Исар ги изработивме со Брајево писмо, врз основа на нивното барање денеска ги врачивме на корисниците. Изработката на сметки со Брајево писмо ги изработи Драги и она што ние ќе го преземеме во иднина е да најдеме начин како тоа не би било неопгва обврска туку наша.“ – вели Зајков.

Штипски Исар е првото јавно претпријатие кое сметките за вода ги издава на Брајево писмо за слепите лица.

Лаура Стојанова М-Нет