Има ли спас за пазарот во Облешево – ем пониски цени ем нула побарувачка, народ се помалку

Пазар пред пензија, народот нема пари, производството стои – вака продавачите го оценуваат денешниот пазарен ден во Облешево. Ем со пониски цени ем без побарувачка. Производи има ама нема кој да купи децидни се тие, земјоделството се повеќе пропаѓа, па за неколку години ќе нема ниту што да се купи. Продавачите од Облешево и околните села велат дека исплатливоста е сведена на нула, неможе да се продаде ниту за да се купи леб.

„Пазар има ама нема кој да купи, пари нема, роба имаме ама нема на кој да ја дадеме.Никако се цените, ни нагоре ни надолу“ – велат продавачите.

Скапо денеска и за купувачите, иако се свесни дека работата на земјоделците не е исплатлива, сепак велат дека со денешните примања и за нив цените се високи. Ако немале сопствено производство зимница немало ниту да се прави.

„Многу е скап, земјоделците работат за ништо речиси, се е скапо, губре скапо. Скапо е и за купувачите. Зимница направив ама оти има мое производство.“ – велат купувачите.

Корнишоните, карфиолот и зелката најбарани, производството при крај па драстични промени во цените не се очекуваат ниту наредниот вторник.

Лаура Стојанова М-Нет