Асфалт доби улица во населба Три Чешми во Штип, издвоени околу еден милион денари

Вчера во Балканска, денеска во Три Чешми утре во Караорман – продолжуваат активностите на терен за асфалтирање на улици и краци. Денеска асфалтен слој добија неколку краци во Три Чешми, улица која претходно беше видно оштетена. Со нешто помалку од еден милион денари пари од општинската каса се асфалтираше во Три Чешми, а околу еден ипол милион денари се издвоени и за активностите кои треба да започант во Караорман.

„Се наоѓаме во населбата Три чешми. Во текот на вчерашниот ден асфалтиравме краци од улици во населба Балканска, денес сме во населбата Три Чешми. Една од ветените улици која беше со оштетен коловоз денес ја асфалтиравме. Продолжуваме и во населбата Караорман каде ќе се асфалтираат краци од старата улица кои не биле до сега асфалтирани. Знаеме дека не е доволно ама се трудиме да инвестираме во секоја населба од парите на граѓаните“ – вели Јорданов.

Освен оваа улица градоначалникот Јорданов посочи дека до крајот на годината во населба Три Чешми ќе следуваат низа активности со кои ќе се подобри инфраструктурата во самата населба и ќе се реагира на потребите на граѓаните.

„Во текот на оваа година ова нема да биде единствен проект кој е планиран за Три Чешми. Продолжуваме и во наредните месеци со одредени активности во оваа населба кои се надевам дека ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата во самата населба.“ – додава Јорданов.

Парите на граѓаните кои се собираат во општинскиот Буџет се враќаат назад кај граѓаните посочи Јорданов, а за тоа сведочат секојдневните активности на терен во сите населени места во Штип и во подалечните штипски населби.

Лаура Стојанова М-Нет