
Производи за зимница, ама дополнително и компир, калинки кои се почесто се наоѓаат по тезгите, како и сезонското овошје и денеска ги изнесе на пазар граѓаните во Штип. Раздвижено и делумно задоволително беше според продавачите. За дел од нив побарувачката е добра, друг дел велат народот не купува. Ама согласни дека се бележи благо покачување на цените на доматот за 10 денари споредбено со претходниот петок.
„Одзив нема, купувачи нема. Цените се пристапни за граѓните, мислам дека се како претходниот петок. Многу малку има покачување на цените, ама како што однемува роба ќе растат цените.“ – велат продавачите.
Граѓаните кои денеска го посетија пазарот во Штип велат има цени кои се идентични како и претходно, ама има и такви кои пораснале. За нивните минимални примања пазарот е скап, па се купува колку што дозволуваат можностите.
Производството полека се намалува велат придавачите оти се помалку има млади кои сакаат да работат велат произведувачите.
Лаура Стојанова М-Нет