Стипендии, 50 илјади денари, градежна парцела за индивидуален дом доби првото родено бебе во Зрновци

Се роди првото бебе во Општина Зрновци за 2023 година. Во кочанската општа болница со проширена дејност се роди петтото дете во семејството Атанасови од Зрновци кои веќе имаат четири сина. Утринава мајаката и бебето ги посети и градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев. За М-Нет телевизија вели дека Локалната самоуправа вложува со цел да им се помогне на повеќедетните семејства и да се следат вакавите примери во иднина.

„Како Локална Самоуправа се грижиме за повеќедетните семејства кои се пример во општеството и во рамките на нашите можности Мартин ќе добие петгодишен бесплатен третман во детската градинка „Бисерчиња“, ваучер од 50 илјади денари за детски реквизити, ќе спроведеме постапка за градежна парцела за изградба на индивидуален дом за семејството како и училишни стипендии за неговите четири братчиња кои се ученици во ОУ „Синиша Стоилов„ – Зрновци. “ – вели Коцев.

Коцев посочи дека треба дасе следат вакви примери во иднина, да се зголемува наталитетот во државата, а општините да вложуваат за задржување на младите дома.

„Ова е прв пример во овој период што во едно семејство петто дете се раѓа, а планираме да преземеме и чекори. Се надеваме дека во блиска иднина ќе има такви примери од две три и повеќе дечиња.“ – додава Коцев.

Бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри.

Лаура Стојанова М-Нет