
Последната деценија се поголем е бројот на деца кои имаат проблеми со кратковидноста или минус диоптрија. Ова пред се се должи на честото користење на мобилните телефони, таблети и компјутери – вели доктор Мишев. Со оглед на фактот дека офтамолошкиот преглед е задолжителен за првачињата дециден е дека се повеќе деца имаат проблеми со очите од гледањето во близина. Вели неопходно е да се намали времето поминато на овие уреди.
„Најдобро е да ги сведиме на минимум сите обврски кои ни се поврзани со тие електронски направи, пред се мобилните телефони, таблетите и компјутерите. Се надевам дека со секојдневното доаѓање и советување и на родителите и на децата тоа ќе биде минимално, односно добро и за самите родители и за децата. Гледањето на блзиина без разлика заради која причина ја зголемува можноста за добивање на кратковидност или минус диоптрија која во последните неколку години е многу голема кај децата“ – вели Мишев.
Очите треба да се зашитат и од сонцето потенцира Мишев. Без разлика дали лицето има диоптрија или не на сонце не би требало да се излегува без очила,со цел очите да бидат заштитени.
„На сончевите денови знаеме како дапостапуваме, да не излегуваме во периодот кога е многу топло, однонсо сонцето највисоко, бидејќи тоа УВ зрачење ни е на највисоко ниво. Препорачувам на користење на сончеви очила со соодвтена заштита. “ – додава Мишев.
Дециден е дека на очите треба да се внимава најмногу и затоа апелира да се почитуваат препиораките од лекарите.
Лаура Стојанова М-Нет