
Ланскиот второлигаш Борец кој пред две сезони играше и во Прва лига, наместо да се прошета низ Трета лига – Југ, велешани се “сопнаа” и одиграа 1:1 со екипата на Слога.
Фазлиоски погоди за 1:0, а Манасиев израмни за конечни 1:1 и поделба ма бодовите.
Марена ја “распадна” Локомотива со убедливи 7:1 на домашен терен. За Марена хет-трик постигна Фазлиов, двоен стрелец беше Михов, а по еден гол постигнаа Нацев и Трајков. За гостите од Градско единствен стрелец беше Петров.
Некогашниот второлигаш Росоман дома загуби со 2:3 од Младост. Дуков и Јованов беа стрелци за домаќинот, а за гостите Чешелковски погоди два пати, а еден гол беше дело на Димоски.
Питу Гули дома загуби од Превалец со 1:2. Велевски погоди за домаќинот, а за гостинот Спиридонов и Велковски.
Бучин дома беше поразен од Ултрас со 2:6.