
ЕКГ апарат и апарат за сукција доби детското одделение при Клиничка болница Штип, донација од општествено одговорна приватна фирма. Апаратите се од големо значење за одделот, посочи денеска директорот на болницата, доктор Ален Георгијев. Дециден е дека се олеснува работата на здравствените работници, а ќе се овозможи и непрекинато лекување на дечињата.
„Овие апарати се потребни за дијагностиката, како и за помош на дечињата кои имаат континуирана нега. Со оваа апаратура ја олеснуваме работата на здравствените работници кои укажуваат здравствена заштита на нашите најмали, а уште поважно е што дечињата ќе имаат непрекинато лекување“ – вели Георгијев.
Старите апарати се веќе дотраени што потребата од нови беше неопходна, потенцираше доктор Донева, која додаде дека се работи на отворање и на кардиолошки кабинет.
„Ќе ни биде олеснета работата, исто во план е отворање на кардиолошки кабинет. Имаме докторка на субспецијализација.“ – вели Донева.
Инаку, во изминатиот период Одделението за детски болести при КБ Штип беше во центарот на активностите. Се работеше на подобрување на инфраструктурата, набавка на нови апарати како и вработување на нов кадар.
„Во изминатите неколку месеци овде на овој оддел се реконструираа комплетно тоалетите, се доби нов апарат, 21 болчнички кревет, денес добивме апарат за ЕКГ и сукција, но најважно од се е дека вложуваме во кадарот. Во моментот одделот за детски болести има доктори кои се на субспецијализација веќе година дена се таму и од октомври имаме докторка која ќе почне на специјализација на педијкатрија“ – додаде Георгијев.
Во денешната прилика директорот се заблагодари на донацијата која не е прва, со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.
Лаура Стојанова М-Нет