
Сообраќајна несреќа се случи денеска кај клучката Кочани – Виница – М. Каменица. Од СВР Штип само потврдија дека е пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко и товарно возило, а полициски службеници вршат увид на местото на настанот. Во текот на увидот сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато, а засега нема информации за евентуално повредени лица. Повеќе информации од СВР Штип најавија во текот на денот, по завршувањето на увидот.