259 првачиња во Кочани за првпат седнуваат во училишните клупи

Со пригодна манифестација, забава за најмалите, аниматори и подароци основните училишта во Кочани ги пречекаа првачиња.

„Оваа учебна година во нашето училиште имаме запишано 85 првачиња кои се распределени во четири паралелки овде во централнто училиште една паралелка во подрачното училиште во село Бели.“ – вели Кралев.

Нови предизвци и нови можности за знаење им понудија училиштата на првачињата на првиот училишен ден.

Подобри услови за учениците, проекти реализрани во училиштата како и поддршка од Локалната самоуправа се мотив плус за успешна учебна година.

„Сакам да ја изразам и поддршката на Општина Кочани, односно еднократна парична помошод 3000 денари како и поддршка во училишни помагала и училишен прибор“ – вели Папазов.

Во Кочани се запишани 259 првачиња во четирите основни училишта. Учебната година ја започнуваат 253 средношколци во двете средни училишта како и 100 ученици во основното музичко училиште.

Лаура Стојанова М-Нет