
На 22 и 23 септемеври годинва ќе продолжи традицијата за одржување на штипската Пастрмалијда 2023. На истото место како и претодната година, петок и сабота ќе настапат познати македонски и странски ѕвезди, кои ќе ја забавуваат публиката од градот, регионот, но и цела држава.
„Оваа година во петок ќе биде првата вечер на Пастрмалијадата и најголемата ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ. Ќе настапат и Пајак и Лара. Они имаат хит кој е најслушан од композициите изведени на Макфест. И сабота Амадеус бенд, Љубојна една од нашите групи – Амбасадори надвор од Македонија и ѕвезда на вечерта е веќе позната хрватска пеачка Даниела Мартиновиќ“ – вели Кацаров.
Ова е последна година Пастрмалијдата да се одржи на ваков концепт. Градоначалникот, Иван Јорданов најави новитети наредната година и позитивни промени кои се случуваат. За овогодинешното издание на штипската Пастрмалијда се издвоени 2,5 милиони денари пари од општинскиот Буџет и од спонзори.
„Оваа година е последна на одржување на штипската Пастрмалијада на овој концепт, на оваа локација. Од наредната година веќе спремаме едно позитивно изненадување, нов концепт, нова локација која за граѓаните ќе биде позната од догодина практично кога ќе се организираат сите потребни детали за новиот концепт.“ – вели Јорданов.
На 4 септмеври ќе се одлучува по која цена ќе се продава пастрмајлијата на посетителите, како ќе се доделат штандовите и кој ќе има право на учество. Бројот на посетители постојано расте па се очелува бројот на штандови да надмине 30.
„Состанок со угостителите ќе се оддржи на 4.9.2023 година во салата на Советот на Општина Штип со почеток од 14 часот. На тој состанок ќе се дефинираат условите за учество на овогодинешното 15. издание на Пастрмалијдата, цената на пастрамалиите и начинот на кој ќе се доделат штандови на кои ќе се продава пастрамалијата“ – вели Арсовски.
И оваа година е предвидено сечењето на шиновска пастрамајлија, натпревар во брзо јадење и интеракција на публиката. Јорданов во оваа прилика ги покани граѓаните да бидат дел од 15. издание на штипската Пастрмалијада.
Лаура Стојанова М-Нет