
На 09.08.2023 во 13.50 часот во СВР Штип било пријавено дека во настанал пожар во с. Сарамзалино, светиниколско, со кој било зафатено земјоделско земјиште во приватна и државна сопственост. Со пожарот биле зафатени и трафостаница, сопственост на ЕВН и стрниште со бали со слама сопственост на И.П. од село Сарамзалино. Пожарот бил локализиран од екипи на Територијалните противпожарни единици Свети Николе и Лозово и локалното население. Увид бил извршен од екипа од ОВР Свети Николе.