Посета на цркви и манастири, собори – како верниците го прославија Илинден

Посета на цркви и манастири, собори, граѓаните на различни начини но со исти мотив го прославија празникот Илинден. Во Штип се посети црквата Свети Илија. Иако истата е запуштена и во помал број сепак верниците запалија свеќа за здравје во црквичката посветена на Свети Илија.

Во очи на празникот собори имаше на повеќе манастири во Истокот.Со манифестација, игра и вечера верниците се собраа и во манастирот во штипското село Чардаклија.

Традиционално голема посетеност имаше и на местото викано На дабот во кочанското село Бели. Тамо вечера се подготви за над две илјади верници кои беа присутни. Организаторот посочи дека оваа традиција продолжува и во наредните години, и апелираше до надлежните да го заштитат дабот стар речиси шест века.

„Тоа останало традиција уште многу оддамна, овде е изградено манастирче на кое ние сме горди, направено е излетничко место и секоја година на Илинден се пригитвува вечера.“

На самиот празник во Општините од Истокот се положија свежи цвеќиња. Во Штип настани имаше пред Домот на култура „Ацо Шопов“ како и кај стариот ректорат, во Кочани во паркот на Револуцијата.

Лаура Стојанова М-Нет