
В недела ќе се освети новоизградениот манастир во село Блатец, а истиот ден се организираат и иселенички средби. На манифестацијата ќе присуствуваат гости од Македонија, како и иселеници од странство. Настанот ќе биде збогатен со музика, а ќе се подели и ручек за присутните гости.
„Тоа е пред сѐ осветување на црквата, од страна на Владиката и сослужбеници. Воедно ние организираме и иселенички среди. Ќе има гости од странство и од Македонија. Ќе се дава ручек за сите“, вели Костадинов.
Овој настан се организра втора година по ред со тенденција да прерасне во традиција која ќе се пркатикува секоја година на 30 јули во село Блатец, виничко.
„Лани се организираа на таа дата, сега останува истата дата како традиција“, додава Костадинов.
Иселенички средби се организираат во повеќе винички села, бидејќи голем дел од граѓаните се иселени во странство.
Лаура Стојанова М-Нет