
Секој на свој начин бара можност за егзистенција. Коле Салтиров одгледува живина, се занимава со производство на јајца како и со земјоделие. Пред камерите на М-Нет телевизија вели дека оти има свои муштерии и има средства за еден добар живот. Речиси секој четврток е на пазарот во Кочани, каде продава кокошки, пилиња. Вели, граѓаните бараат и купуваат.
„Пиленцата се 150 денари, јарките се 470 денари, а петлето 600 денари. Јас со години работам со ова, имам преку 200. Имам и мисирки и ги чувам во Жиганци“, вели Салтиров.
Кога е во прашање земјоделието вели ситуацијата е малку поинква, скапо се плаќа за да се обработат нивите, родот е намален, а и цената падната многу ниско. Дополнителен проблем е невремето кое го зафати кочанскиот регион минатата недела и уништи голем дел од производството.
„Храната е за џабе сега, луѓето не можат само за комбајн да платат. 8 000 денари комбајнот ми зема за жетва. И каде да оди земјоделецот“,додава Салтиров.
Домашните јајца ги нуди по цена од 10 денари и вели дека засега со овие пари има колку за еден скромен пензионерски живот.
Лаура Стојанова М-Нет