
Само со парите кои ќе се заштедат од неисплата на прекувремени саати во ЈП Исар ќе има доволно пари за усогласување на платите на сите вработени. Директорот на претпријтието вели дека пари веќе се штедат, а мерките почнаа да важат веднаш по нивното донесување од страна на Советот во општината. Дополнително се разговара со раководителите во насока на поднудување технолошки вишок со цел да се намали бројот на вработени.
„Она што во моментот го правиме разговараме со синдикатот и со сите раководители на организационите единици во насока на понудување на технолошки вишок на лица кои би се јавиле согласно оваа одлука за намалување на бројот на вработени. Ќе се подобрат процесите со зголемување на ефикасноста, а намалување на трошоците во насока сите пари кои ќе бидат заштедени да бидат искористени за сервисирање на долгот на ЈП и зголемување на платите на самите вработени. Само по основ на прекувремени саати јп ќе акомулира доволни средства кои ќе придонесат за да се направи услогласување на платата на сите вработени“ – вели Зајков.
Со мерката за намалување на бројот на вработени во ЈП Исар ќе бидат опфатени 30 лица и прво ќе се работи на проверка дали има потреба за продолжување на договорите на дело. Ако засега донесените мерки не дадат резултат во тој случај анализа ќе се прави и на вработените на неопределено време.
„Во делот на вработените на определено време не станува збор за прекинување на договори за работен однос туку по завршувањето на периодот за кога биле ангажирани работниците ќе се направи нова анализа која е реалноста дали ќе треба повторно да се ангажираат овие лица и на кој временски период. Овие мерки се однесуваат само на доброволна основа и на вработени кои се на определено време. Доколку мерките не го дадат резултатот кој го очекуваме, ќе се изготви сама функционална анализа на вработените на неопределено време, за да се има точно работни места“ – додава Зајков.
Најголем дел од обврските на ЈП Исар за исплата на плата се за вработени кои се на неопределено време, а не се дирекно вклучени во процесите на претпријатието.
Лаура Стојанова М-Нет