Се уредуваат тротоарите во штипско Ново Село, проектот продолжува во Баби и Караорман

Започнаа да се уредуваат тротоарските површини кон штипско Ново Село. Освен нови тротоари, се работи на проекција за поставување конзоли на река Отиња како и заштитни столпчиња со што просторот ќе биде достапен за пешаците и нивно безбедно движење. Проектот е со вредност од два милиони денари, пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип.

„Започнуваме со третирање на тротоарските површини на улицата Кеј Димитар Влахов кон Ново Село на излезот на градот. Имаме замисла да го уредиме влезот на градот со нови тротоарски површини. Веднаш по завршување на третирањето на оваа површина ќе се поставува заштитна ограда покрај коритото на река Отиња и заштитни столпчиња за да се ослободат тротоарските површини од паркирани возила. Оваа инвестиција е на Општина Штип, два милиони денари ќе бидат во прва фаза потрошени до ректоратот, а веднаш потоа ќе се распише втората фаза од Ректоратот до последните куќи во Ново Село.“ – вели Јорданов.

Освен овој во наредниот период ќе се работи на уредување на тротоарот во населба Баби и Караорман, а ќе се работи и на ризичната клисура со што ќе се овозможи поголема безбедност на граѓаните кои минуваат овде.

„Во текот на годината се изработува и проект за конзоли кои ќе овозможат тротоар веднаш до ризичната клисура, како пристап до самите градски гробишта за да се има поголема безбедност. По завршување на овој потег ќе се префрлиме на влзеот во градот кај населба Караорман и Баби и тротоарот ќе биде продолжен“ – додава Јорданов.

Уште низа улици и тротоари но и други содржини се предвидени во програмата на Локланата власт за оваа теконвна година, истакна Јорданов и додаде дека се работи на реализирање на сите предвидени проекти.

Лаура Стојанова М-Нет