Локалниот огранок на Левица подели летоци на штипскиот Градски пазар

Локалниот огранок на Левица во Штип подели летоци на Градскиот пазар. Во нив се наведени активностите на пратениците на Левица во македонското Собрание, а кои вклучуваат поднесени бројни претставки и амандмани за штетните закони, вели претседателот, Ангеле Михајловски.

„Тука се некои предлог-закони кои се штетни за македонскиот народ, а кои Левица ги оспори. Тоа се Законот за Бехтел и Енка, Законот за финансирање на медиумите со кој само пет – шест медиуми ќе добијат високи суми на финансиски средства. Исто така се содржани и голем број предлози кои се позитивни, како што се Законот за толкувањето на платите за јавните функционери за кој единствено Левица поднесе претставка, предлогот за намалување на патарините, предлогот за покачување на социјалната помош и така натаму“, истакна Ангеле Михајловски, претседател на ЛО Левица Штип.

Според членовите на Левица, на средбата наишле на позитивни реакции од страна на граѓаните. Поддршката особено ја искажале во однос на поднесените претставки и амандмани за законите со кои не се согласуваат.

Ребека Спасова М-Нет