„Малеш Куп“: Кинеска Надеж убедлива, Борово Стебло го доби Карбинци

Синоќа беа одиграни четири натпревари на „Малеш Куп“ во Берово, спортски настан по медиумско покровителство на телевизија М Нет.

Гледачите уживаа во интересни и неизвесни натпревари, натпревари со многу погодоци, фудбалска мајсторија од страна на играчите, моменти на радости и на тага.

Првиот натпревар синоќа започна во 19:00 часот, и донесе минимална победа за екипата на Борово Стебло – Тони и Синовето од 1:0 против Карбинци.

45 минути подоцна Карбинци во неизвесен натпревар со 2:1 беше подобар од Камерун во вториот натпревар. Екипата на Карбинци забележа пораз и триумф на вториот дел од турнирот. Третиот меч заврши со сигурен триумф од 2:0 за екипата на Еклектик над Панорама Делчево.

Четвртиот меч донесе дури пет гола за убедлива победа на Кинеска Надеж од 4:1 над младите фудбалери на Малеш.

Вечерва се играат нови четири натпревари. Од 19 часот Extreme/Go Plast ќе игра против Вегас Казино, во вториот натпревар Extreme/Go Plast ќе игра против Манто 2013 со почеток од 19:45.

Третиот меч е закажан за во 20:30 часот, а Вегас Казино ќе игра против Манто 2013, додека пак во последниот меч од 21:15 часот ќе се соочат City Pub & Discoteque Calipso и Панорама Делчево.