Штипската “Фаланга” на пат кон стадионот Олд Трафорд во Манчестер

Дел од штипската навивачката група “Фаланга” денес ќе биде на Олд Трафорд во Манчестер, да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација. Се очекува да дојдат навивачки групи од повеќе градови, а во Манчестер ќе има и фан зона за македонските навивачи. Сите билети за вечерашниот натпревар се продадени.

Натпреварот Англија – Македонија е вториот денешен натпревар од групата Ц во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Првиот натпревар е Украина – Малта, а вториот започнува во 20:45 минути.

Во петокот Македонија загуби од Украина со 2:3 во Скопје, по водството од 2:0 во првото полувреме, а пак Англија ја победи Малта на гости со 0:4.