Сумата за Џез бендот на отворањето на Штипско културно лето ги скара советниците во Штип

Отворањето на штипското културно лето спорно за советниците во Советот на Општина Штип. Средствата кои треба да се издвојат за бендот, нивната висина и начинот на кој треба да се издвојат ги скара советниците во Штип. Побараа детално да се одговори на нивните прашања од страна на директорот на Дом на млади, кои во тој момент не беше присутен на седницата.

„Дали самите музичари ќе си ги обезбедат трошоците за дополнително осветлување, озвучување, или тоа нас дополнително ќе не чини“ – праша Рогожарска Поповска.

„Искрено и мене не ми е ништо јасно, а мислам дека ниту на Кире не му е јасно. Да е тука директорот Видан и да ни ги објасни тие работи, оти и на самата комисија побарав детален финансиски извештај. Беше ветено од страна на директорот оти не беше присутен и на комисијата, а прати само нешто во вибер групата“ – вели Махајловски.

Додека траеше дискусијата за овогодинешното штипско културно лето, пристигна и директорот Видан Лазарев, кој истакна дека редно време е Штип да добие нешто што го немало во поселедните 15 години.

„Јас комуницирав со луѓето задолжени за техниката на оркестарот, тоа се 40 музичари, тројца вокалисти. Јас мислам дека и Штип треба да добие нешто што во градот на се случило во последните 10 – 15 години“ – вели Лазарев.

На крај мнозинството советници во советот ја донесоа одлуката ШКЛ да започне на 29 јуни и да трае до крајот на месец јули. Отворањеето ќе биде на 29 со два настани, изложба во Безистенот и настап на џез оркестар во Дом на млади. Во текот на овој месец ќе има 17 настани, а од општината ќе се издвојат нешто над 800 илјади денари.

Лаура Стојанова М-Нет