Крак од главната улица кон Света Недела во Штип добива бетон, инвестицијата е 2,5 милиони денари

По подолг временски период од денеска започнаа активности за бетонирање на крак од главната улица која води кон црквата Света Недела во Штип. Активностите на терен опфаќаат бетонирање на овој крак, но ќе се работи и на главнта улица со цел да се санираат недостатоците и да се спречат наносите од земја и кал. Проектот вреден два ипол милиони денари е на Општина Штип, Министерството за транспорт и врски и организацјата Ромалитико.

„Подолг временски период овој крак е непристапен е во кал. Станува збор за ивестиција на Општина Штип, организацијата Ромалитико и Министерството за транспорт и врски. Вкупниот износ е два ипол милиони денари. Целта е овој дел да се избетонира за да ги санираме наносите кои се случуваат на земја, на кал на главната улица која води кон црквата Света Недела“ – вели Јорданов.

Активностите на терен треба да завршат во периодот кој следи, со што ќе се урбанизира и овој дел од градот.

„Очекувам во наредните неколку денови и недели да се заврши овој крак кој опфаќа десетици куќи кои се наоѓаат овде и овој дел ќе се урбанизира“ – додава Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека се работи и на неколку други локации во градот со што Штип добива поинаков и современ лик, а сите улици се урбанизираат.

Лаура Стојанова М-Нет