
Во наредниот месец 60 домаќинства на улиците „Цветан Димов“, „Борко Талев“ и „Димо Хаџи Димов“ ќе добијат нови приклучоци на водоводната и канализациона мрежа. Започнаа активностите под земја со што ќе работи на еден од постарите проблеми во Штип. По завршување на активностите на ЈП Исар, општината ќе пристапи кон асфалтирање на овие улици.
„Најпрво ќе се направи промена на подземната инфраструктура, промена на дел од водоводната и канализационата мрежа. Повеќе од 60 домаќинства ќе добијат нови приклучоци на водоводна и канализациона мрежа, а по завршувањето на оваа активност на ЈП Исар ќе се пристапи кон нанесување на асфалтна маса однонсо овие улици ќе добијат асфалт. Станува збор за инвестиција во вредност од два милиони денари за подземната инфраструктура, а допонително ќе се инвестира и во нанесување на асфалтна маса која ќе биде следна фаза“ – вели Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов истакна дека во наредниот период ќе се работи на повеќе улици во повеќе населени места во Штип, како на водоводната и канализациона мрежа, така и на асфалтирање на улиците.

„Во периодот кој следи според годишниот план ЈП Исар ќе изврши промена на водоводна и канализациона мрежа на повеќе улици. Тоа е улицата „11 Октомври“, „Борис Кидриќ“, “Коле Неделков“ која е оштетена заради дефектот кој се случи во изминатата година, улици и во други населби“ – додава Јорданов.
Проблемите со старата и дотраена водовдна мрежа се провлекуваат со години наназад, а Јорданов истакна дека се прават напори за истите да се наминат.
Лаура Стојанова М-Нет