Штип домаќин на 27. регионални спортски игри – пенизонерите се натпреваруваа во 11 дисциплини

Во Штип денеска се отворија 27 регионални спортски игри, на кои учествуваа повеќе здруженија на пензионери. Во 11 дисциплини пензионерите ќе ги измерат силите на терен, без редуцирање и во нормални услови без пандемија. До 21 јуни регионалните спортски игри ќе се одржат во осум региони во државата.

„Оваа година овој спортски караван тргнува од Штип, а тоа е денеска 29 мај и ќе заврши на 21 јуни во Ресен. Оваа година спортските игри ќе се одвиваат во нормални услови, ќе се практикуваат сите спортски дисциплни, а тие се 11 на број, нема редуцирање, а силите на терен ќе си ги одмерат неколку здруженија на пензионери од регионот.“ – вели Трајкова.

Пенизонерите домаќини од Штип, но и оние од останатите градови велат дека ваквите настани придонесуваат за дружба и забава на повозрасните граѓани. Кошарка, мал фудбал, пикадо, шах, табла, влечење јаже беа само дел од дисциплините за кои пензионерите се подготвувале претходниот месец.

Откако ќе завршат регионалните спортски игри во осумте региона во државата, најдобрите ќе усчетвуваат на Републичките спортски игри кои се огранизираат по повод денот на пензионерите, пред 20 септември.

„Оние кои ќе освојат прво место ќе се пласираат да учествуваат на Републичката спортска олмпијада, која се одржува пред 20 септември во знак на денот на пенизонерите.“ – додава Трајкова.

Одзивот за ваквите игри е голем вели Трајкова, додавајќи дека не само во спортот пензионерите се активни и во други дисциплини со што квалитетно го живеат животот во трета доба.

Лаура Стојанова М-Нет