Речиси два месеца е раскопан булеварот Партизанска во Штип, Јорданов вели заради временските услови

Безмалку два месеца стои раскопан булеварот „Партизанска“ кај автобуската станица во Штип. Реконструкцијата на водоводната мрежа започна на 29 март оваа година, а беше предвидено зафатот да заврши од шест до десет дена во зависност од временски услови. Тогашниот директор на ЈП Исар, Трајн Коцев, истакна дека ова се работи по барање на жителите во тамошните згради, а градоначалникот Јорданов најави дека по завршување на работите под земја ќе се пристапи кон асфалтирање на булеварот.

„Во зависност од временските услови од шест до десет дена ќе заврши овој зафат“ – истакна Коцев.

По повеќе од мецес и половина Булеварот сѐ уште е раскопан, па граѓаните дел пред камерите дел зад објективот на камерите велат дека е редно време започнатите активности на терен да бидат завршени.

Градоначалникот Јорданов вели дека временски усови се причина поради која овие активности сѐ уште не се завршени. Додава дека водводоната мрежа била готова во предвидениот рок, ама дождовите го стопирале асфалтирањето на улицата.

„Од тоа што беше дадено како изјава беше дека дестина дена ќе трае поврзувањето на фекалната канализација која се работеше во изминатиот период и беше завршена за десетина дена. Заради временски прилики кои не дозоволуваат асфалтирање, не сме во можност да ја асфалтираме делницата.“ – вели Јорданов.

Посочи дека првиот ден кога временските услови ќе бидат подобри ќе се излезе на терен и ќе се асфалтира раскпоаниот булевар Партизанска.

Лаура Стојанова М-Нет