Отстранети детските реквизити кај паркот „Макфест“, Општината информации најави за следната седмица

Отстранети детските реквизити во близина на паркот „Макфест“ во Штип. Градежните работи овде започнаа уште пред десетина дена, кога градежна механизација го расчистуваше просторот и ги отстрани клупите и детските реквизити кои се наоѓаа на оваа локација. Просторот е расчистен и таму сè уште работи, но за граѓаните е нејасно на каква содржина. Прашањево го упативме до Општина Штип од каде посочија дека ќе има хортикултурно уредување, но дека дополнителни информации ќе дадат во понеделник или вторник, кога просторот и ќе се уредува. Според информации на М-Нет Телевизија, општинското земјиште е дадено на користење под наем на угостителски објект. Освен што ќе го искористат просторот за свои потреби, ќе постават и детски реквизити, а Општината местото хортикултурно ќе го уреди, со што овој парк ќе биде наменет за сите граѓани, а не само за гостите на угостителскиот објект.

Ребека Спасова М-ЖНет