Прво место за Генерација 2011 од „Мал Ајакс“ на Меѓународен турнир

На Меѓународниот турнир „Football Frame Cup“, кој се одржан од 21 до 23 април во Скопје, а на кој учествуваа екипи од Македонија, Србија, Романија и Црна Гора, Штипскиот фудбалски клуб „Мал Ајакс“, Генерација 2011, под тренерско водство на Влатко Манев, Мијалче Маџаров, Зоран Манич и голмански тренер – Роберт Зафиров, освои прво место. Младите таленти од Штипскиот фудбалски клуб повторно го докажаа својот квалитет. Беа изиграни шест натпревари без ниеден пораз со што се пласираа во финале против ФК Раднички Ниш, каде победија со резултат 1:0. На турнирот за најдобар голман беше прогласен истакнатиот голман на „Мал Ајакс“, Христијан Стојанов. Исто така, учествуваше и Академија Постолов-Пандев од Штип кои успеаја да се пласираат на третото место.