СДСМ Штип: ЈП Исар доцни со исплата на плати на вработенитеО. Штип: Ги враќаме долговите на СДС

Празничните трпези на вработените во ЈП Исар останаа празни бидејќи плата добија во текот на вчерашниот ден, констатираа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека и покрај тоа што собирањето смет е зголемено за 100% ЈП Исар тоне во долгови. Дополнително упатија низа прашања на адреса на градоначалникот Јорданов и директорот Коцев.

„Додека тие празнично парадираа пред камерите, трпезите на вработените останаа празни. Иако законскиот рок за исплата на плати е до 15, за челниците на ДПМНЕ очигледно законите не важат па вработените ја добија платата во текот на вчерашниот ден. Оние кои минатата година својата некадарност ја заскриваа зад енергетската криза и загубите ги препишуваа на цената на електричната енергија сега немаа изговор. И покрај тоа што ја покачија цената за собирање на смет за 100% долговите на ЈП Исар и понатаму растат. Дали се вистините наводите дека бунарскиот систем е целосно запоставен и има материјална штета од над 10 илјади евра? “ – кажа Рогожарска – Поповска.

Милионските долгови и негрижата за вработените се она кое СДС го оставија во јавното претпријатие кога беа на власт – вратија од општина Штип на обвинувањата од страна на СДСМ. Во писмено соопштение од општината посочија дека во најголемите кризи ЈП Исар ги враќаше долговите на СДСМ.

„Веќе е познатo дека отсуството на срам и одговорност е одлика на СДС, па така партијата која го руинираше ЈП „Исар“ и го остави во финансиска дупка од 5 милиони евра, повторно без срам оддржува прес конференции полни со манипулации. Но, вистината е сосема друга и јавноста знае дека локалната самоуправа и ЈП Исар во најголемата енергетска и економска криза ги враќаат долговите кои ги направи СДС кога беше на власт, па така за една ипол година се вратени 1,5 милиони евра кредит кои требале да го плаќаат, но како што е познато знаеле само да трошат, но не и да ги исполнуваат обврските кои ги имаат. Вистината е дека оставија 30 милиони денари долг за струја и нерационални долгови кон добавувачи,па поради тоа изминатиот период претпријатието се соочува со тужби,извршни решенија и вистински предизвик е да се враќаат долговите кои несовесно ги направија СДС. Господа од СДС, бидејќи Вашата лицемерност нема граници, ве потсетуваме дека денес ЈП Исар се грижи за работниците и исплаќа средства за К-15 и други законски надоместоци.“ – соопштија од општината.

Преку исплатата на К-15 и други законски надоместоци на вработените се покажува грижата кон работниците посочуваат од општината.

Лаура Стојанова М-Нет