„Македонија памети, никогаш да не се повтори“ – отворена изложба во штипскиот Безистен

„Македонија памети, никогаш да не се повтори“ – отворена изложба во штипскиот Безистен. Присутните имаа можност да се запознаат со работи кои ги поседувале Eвреите, а изложбата е по повод 80 годишнината од Холокаустот на Евреите.

Со изложени повеќе од 200 фотографии и документи во Безистенот се реалиизра прокетот во Штип, со тенденција оваа изложба да биде отворена и во останатите градови во државата, но и надвор од границите на државата.

„Државниот Архив и Институот за националан историја оваа година се вклучија на јубилејпт 80 години од Холокаустот на Евреите. Сѐ она што тие поседувале се прикажани преку оваа изложба односно преку 19 изложбени паноа кои поседуваат повеќе од 200 фотографии и документи, објаснувајќи го целокупниот процес во Скопје, Штип и Битола. Ние се надеваме дека успешно го реализиравме овој проект кој ќе биде прикажан и во другите градови низ Македонија и надвор од Македонија“ – вели Дамјановска.

Во одбележувањето на денешниот настан се вклучија и од НУ Завод и музеј Штип. Изложбата ќе биде отворена во наредните 15 дена, а Штерјов ги покани сите млади и повозрасни да ја посетат и да се запознаат со животот на Евреите.

„Уште еднаш потврдуваме дека ние како национална установа и како чувари на колективната меморија заедно со Државниот Архив направивме уште една изложба којашто навистина го прикажува целото она дејствие, целото минато кое се случило за време на Втората Светска војна.“ – додава Штерјов.

Претходниот период во просториите на Безистенот отворена беше и изложба за Евреите од страна на штипскиот музеј, која според Штерјов привлекла голем интерес и била доста посетена.

Лаура Стојанова М-Нет