Нов обид за кражба на акумулатор од возило на улица „Ванчо Китанов“ во Штип

Искршени прозорци, оштетен автомобил, ваква била сликата утринава на новиот паркинг во населба Сењак во Штип. Жители на оваа населба позади објективот на камерите велат дека ситуацијата е надвор од контрола, бидејќи засега непознат сторител ги искршил стаклата на автомобилот и го уништил, но за среќа овој пат не успеал да извади акумулаторот. Не е прв пат да ги буди ваква слика, додаваат жителите. Во последните неколку години се регистрирани низа кражби на акумулатори од возила, на ист начин како и денешниот. Велат ги кршат стаклата крадат и зад себе оставаат огромна штета. И претходно пријавувале во полиција, а имало иницијатива да се постави и камера, но Законски не им било дозволно бидејќи станува збор за паркинг место, однонсо јавна површина. Во полиција пријавиле и утринава. Екипи од СВР Штип веднаш излегле на терен. Од полицијата го потврдуваат случајот. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија велат дека пријавата кај нив пристигнала во 07:15часот.

„На 04.04.2023 година во СВР Штип е пријавено дека на улица Ванчо Китанов е оштетено возило марка опел со штипски регистерски ознаки. Констатирано е дека е скршено стаклото со тврд предмет, но нема кражба од истото“ – кажаа од СВР Штип.

Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот. Жителите апелираат да се преземат поголеми мерки од страна на надлежните за да се стави крај на ваквите настани со кои се соочуваат подолг временски период.

Лаура Стојанова М-Нет