Девет кола до крајот во Втора лига и 27 бодови во игра: Кои ќе бидат нови прволигаши ?

Викендот продолжува натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од 22. коло. Второлигашите поради репрезентативната пауза одмараа еден викенд, дел од нив истиот го искористија за одигрување на пријателски натпревари, а дел за интензивни подготовки пред клучните натпревари во финишот од сезоната.

Борбата за влез во Првата македонска фудбалска лига се „вжештува“ и ќе биде неизвесно и навистина „пеколно“ до крајот на сезоната.

Остануваат уште девет кола, а во игра се 27 бодови кои ќе одлучат кои ќе бидат нови прволигаши. Борбата е сведена на четири екипи, а Пелистер ќе го чека најтешка борба да обезбеди директен влез во Прва лига, па можеби примарна цел на битолчани ќе биде барем бараж за влез во Прва лига.

Вардар е лидер на табелата со 52 бодови, потоа следува Воска Спорт како втора со 50 бодови, Гостивар е трет со 48 бодови, а Пелистер е четврти со дури 43 бодови, па токму тоа и ја прави борбата на битолчани за Прва лига најтешка.

Воска Спорт е можеби со најлесен распоред бидејќи останува уште едно дерби со Вардар на домашен терен, додека пак останатите три конкуренти за Прва лига ќе треба да се соочат меѓусебно до крајот на сезоната уште по еднаш.

Веќе викендот Воска Спорт оди во Виница кај Слога, Вардар е домаќин на Саса, Гостивар гостува кај Беласица во Струмица, а пак Пелистер ќе има незгоден меч на домашен терен со Детонит Плачковица. Натпревари од 22. коло.

  • РАСПОРЕД ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА НА ВАРДАР, ВОСКА СПОРТ, ГОСТИВАР И ПЕЛИСТЕР:

22 коло:
Слога Виница – Воска Спорт (ексклузивен пренос на телевезија М Нет)
Беласица – Гостивар
Пелистер – Детонит Плачковица
Вардар – Каменица Саса

23 коло:
Беса – Вардар
Гостивар – Тетекс
Слога Виница – Пелистер
Воска Спорт – Беласица

24 коло:
Пелистер – Борец
Тетекс – Воска Спорт
Вардар – Гостивар

25 коло:
Беласица – Пелистер
Гостивар – Кожуф
Воска Спорт – Вардар

26 коло:
Арсими – Гостивар
Кожуф – Воска Спорт
Пелистер – Караорман
Вардар – Слога Виница

27 коло:
Беласица – Вардар
Гостивар – Охрид
Тетекс – Пелистер
Воска Спорт – Арсими

28 коло:
Детонит Плачковица – Гостивар
Охрид – Воска Спорт
Вардар – Тетекс
Пелистер – Локомотива

29 коло:
Вардар – Пелистер
Воска Спорт – Детонит Плачковица
Гостивар – Борец

30 коло:
Пелистер – Каменица Саса
Борец – ВОска Спорт
Кожуф – Вардар
Караорман – Гостивар

Да резимираме. 24. коло ни носи дерби помеѓу Вардар и Гостивар, 25. коло ни носи дерби помеѓу Воска Спорт и Вардар во Охрид, 29. коло носи дерби помеѓу Вардар и Пелистер. Овие три натпревари повеќе од јасно ќе биде решавачки околу тоа кои две екипи директно ќе патуваат во Прва лига, а која екипа ќе игра бараж со претпоследниот на табелата во Прва лига.