
15 коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ донесе интересни и возбудливи натпревари, а таков меч се одигра и во Крушево, каде Питу Гули на крилата на Соте Волчески ја доби Слога со 2:1 со што трите бодови останаа дома.
Онур Имероски погоди во 6. минута и обезбеди рана предност за гостите, но по само три минути Филип Кукески постигна погодок за 1:1. Двете екипи до крајот на мечот се обидуваа да постигна гол за трите бода, а како херој на мечот се покажа Соте Волчески, кој во 92. минута ја погоди противничката мрежа и ја израдува домашната публика со нов триумф и три бодови, кои се повеќе од важни во трката за баражот за Втора лига со непоразениот лидер Вардар од Неготино, кој во оваа коло беше слободен.
Некогашниот второлигаш Росоман на домашен терен со сигурни 3:1 славеше над Бучин, во меч каде сите погодоци паднаа во вториот дел. Миланов во 52. минута го отвори резултатот за водство на Росоман, а дваесет минути подоцна Митров погоди за 2:0. Во 84. минута Зоран Мирчески ја стресе противничката мрежа и намали на 2:1. Сепак во финишот на мечот Слободан Дуков постигна гол за конечни 3:1.
Обршани на домашен терен беше поразен со 1:2 од ланскиот второлигаш Локомотива од Градско. Павле Петров обезбеди предност од 0:1 на полувреме, а во вториот дел Робин Шабаноски зголеми на 0:2. До крајот на мечот Обршани успеа само да го ублажи поразот на 1:2 со гол на Најдоски.
Во Кривогаштани сигурна победа однесе гостинот Големо Коњари, кој со 0:3 славеше над Младост. Двоен стрелец беше Илчо Митрески, а првиот гол беше дело на Блеранд Ќамили.
Превалец со високи 4:1 го декласираше составот на Марена на домашен терен. Стојанов во 29. минута ја отвори Марена за водство од 1:0, а пред крајот на првиот дел Роналдо Фазлиов од белата точка израмни на 1:1.
Во вториот дел Маневски и Буковски со два брзи гола обезбедија предност од 3:1, а Коцевски ги постави конечните 4:1.
Лидер на табелата е Вардар од Неготино со 42 бодови, но и натпревар помалку, втор е Питу Гули со 38 бодови, Големо Коњари со 31 бод е трет, а пак Питу ГУли е четврти со 28 бодови.